Шпанскиот тим го потврди првото место во 1/4 финалето

Перфектен Лазаров за победнички печат на Барса

Нова маестрална партија на капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров. Во последниот меч од групната фаза постигна шест гола од исто толку обиди, а Барселона на домашен терен ја совлада Висла Плоцк со 36-28.

објавено: 11 март 2017 - 21:46

Нова маестрална партија на капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров. Во последниот меч од групната фаза постигна шест гола од исто толку обиди, а Барселона на домашен терен ја совлада Висла Плоцк со 36-28 (17-15). Прв стрелец во редовите на каталонскиот тим беше Виктор Тома со седум гола.

Со 12 триумф во групната фаза, шпанскиот тим го потврди лидерското место во групата А и пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде за противник ќе го има подобриот меѓу Рајн Некар и Кил. 

 

Најново во Ракомет