Знеа како се освојуваат трофеи

Пешоа сака полуфинале Вардар - ЧСМ Букурешт

Искрено во полуфиналето сакам да играме против ЧСМ Букурешт. Тоа е тим каде што минатата сезона ја освоивме титулата во Лигата на шампионите, моја прва во кариерата. А сега тоа сакам да го сторам со Вардар. Нив ги посакувам бидејќи таму имам многу пријатели и добро ги знам нивните навики, вели Бразилката Маиша Пешоа, пред утрешната ждрепка за Ф4 во Будимпешта

објавено: 17 април 2017 - 15:05

ЖРК Вардар, ЧСМ Букурешт, Ѓер и Будуќност е истата четворка што ќе се бори за титулата на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите кој на 6 и 7 мај ќе се одржи во Будимпешта. .
Бразилката Маиша Пешоа верува дека Вардар има шанса конечно да го освои трофејот во четвртиот обид, а голманката на македонскиот првак знае како е да се освојуваат пехари. Минатата сезона со ЧСМ Букурешт го освои трофејот, а оваа натпреварувачка година тоа сака да го стори со Вардар.

„Четирите најдобри екипи од Европа се наоѓаат на Ф4 турнирот. Во нив играат најдобрите ракометарки што значи дека не очекува нов, одличен фајнл-фор турнир. Иако во оваа сезона не добивам голема шанса да застанам на голот на Вардар, сепак јас сум задоволна од игрите на тимот и тие минути што ги добивам. Искрено во полуфиналето сакам да играме против ЧСМ Букурешт. Тоа е тим каде што минатата сезона ја освоивме титулата во Лигата на шампионите, моја прва во кариерата. А сега тоа сакам да го сторам со Вардар. Нив ги посакувам бидејќи таму имам многу пријатели и добро ги знам нивните навики. Тимовите од минатата сезона не се променети многу. Доколку не ни се падне ЧСМ, тогаш за мене сеедно е тоа дали ќе биде Ѓер или пак Будуќност. Сите четири тимови се квалитетни и за да дојдеме до титулата мораме да размислуваме на победа против секого" изјави Пешоа.

Ждрепката за полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Будимпешта ќе се одржи утре со почеток од 13:00 часот. Дуелите ќе се играат во Будимпешта на 6. и 7. мај.

Најново во Ракомет