ДЕФИНИТИВНО ЈА ИГРА НАЈДОБРАТА СЕЗОНА

ПО ДУЕЛОТ ВО ИКАСТ: Пенезиќ е прв „снајпер“ во ЛШ

Ракометарката на Вардар, Андреа Пенезиќ со седумте погодоци на дуелот против Митјиланд се искачи на првото место на листата на стрелци во Лигата на шампиони.

објавено: 10 април 2017 - 19:22

Вардар е на чекор до нов „Фајнл-фор“ во Лигата на шампиони и до нова шанса да го подигне пехарот во ова натпреварување, откако на гостувањето кај Митјиланд славеше со 28-26 во првата четвртфинална пресметка.

Андреа Пенезиќ и овој пат беше лидерот во таборот на македонскиот шампион, средбата ја заврши со седум погодоци. Токму по новата феноменална пратија на ракометарката на Вардар се искачи на првото место на листата на стрелци во Лигата на шампиони. Пенезиќ има 81 гол, еден повеќе од Ана Грос од Мец и три повеќе од Катарина Сабирова, која до пред четвртфиналните натпревари беше лидер во оваа категорија. 

Топ 5 стрелци
1. Андреа Пенезиќ Вардар 81
2. Ана Грос Мец 80
3. Катарина Сабирова Астрахночка 78
4. Катарина Булатовиќ Будуќност 76
5 Изабел Гулден ЧСМ 76

Најново во Ракомет