ЕХФТВ ГИ ОДБРА НАЈДОБРИТЕ ЗА ПЕТОТО КОЛО

По фантастичната партија: Штербик во најдобрата седумка (ВИДЕО)

Арпад Штербик блескаше на голот на дуелот против Барселона. Вардаровиот голман со 15 одбрани го преводеше македонскиот и европски првак до триумф над каталонскиот гигант од 27-24. 

објавено: 16 октомври 2017 - 08:00

ЕХФТВ повторно го смести Арпад Штербик во најдобрите седум по завршување на едно коло во Лигата на шампионите. Вардаровиот голман блескаше на дуелот против Барселона, благодарение на неговите 15 одбрани, Вардар за првпат го совлада каталонскиот гигант на домашен терен (27-24).

Со оваа победа, европскиот и македонски првак се искачи на лидерската позиција со осум бода, еден повеќе од второпласираниот Рајн Некар, а додека Барса ја симна на четвртата позиција со седум бода исто колку и третопласираниот Пик Сегед.

Најдобрите седум играчи за петото коло може да ги видите ТУКА. 

Најново во Ракомет