ДУРИ ПО ПРОДОЛЖЕНИЕ БЕШЕ РЕШЕН ПОБЕДНИКОТ

По голема драма Металург го дозна последниот противник во ЛШ

Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите го доби последниот противник во групната фаза во најелитното европско клупско натпреварување. Финалето на квалификацискиот турнир му припадна на Спортинг, кој по продолжение го совлада Алпа ХЦ Хард со 35-34. 

објавено: 3 септември 2017 - 18:10

Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите го доби последниот противник во групната фаза во најелитното европско клупско натпреварување. Финалето на квалификацискиот турнир му припадна на португалски Спортинг, кој по продолжение го совлада Алпа ХЦ Хард со 35-34. 

Тимот од Автокоманда во групата Д за противници ги има уште Мотор Зaпорожје, Монпелје, Бешикташ, Чеховски Медведи. Избраниците на Лино Червар сезоната ја почнуваат со тешкото гостување кај фаворитот во групата - Монпелје, дуелот се игра на 16. овој месец.

Распоред за првите пет кола:

Коло 1, 16.09 (сабота), 17.30 ч.: Монпелје – Металург

Коло 2, 24.09 (недела), 17.00 ч.: Металург – Бешикташ

Коло 3, 30.09 (сабота), 17.30 ч.: Металург – Спортинг

Коло 4, 08.10 (недела),16.00 ч.: Мотор Запорожје – Металург

Коло 5, 14.10 (сабота), 16.00 ч.: Чеховски Медведи - Металург

Најново во Ракомет