ВАРДАРКИ НА ЦЕНА ВО ЕВРОПА

По Лејно и Радичевиќ заврши работа, за Цвијиќ редот е долг!

„Спортмедиа“ го најави бранот на заминување од таборот на ЖРК Вардар. Откако Амандин Лејно се договори со Ѓер и Јованка Радичевиќ е на добар пат да ја осигура својата иднина.  

објавено: 31 јануари 2018 - 10:34

Серијата на заминувања од ЖРК Вардар продолжува. По Амандин Лејно која веќе се договори со бранителот на титулата, Ѓер, својата иднина ја осигура и Јованка Радичевиќ. Десното крило е на добар пат да стане член на ЧСМ Букурешт, челниците веднаш испратиле понуда, преговорите се во тек, пишуваат црногорските медиуми.

Раководството на клубот пред два дена ги извести ракометарките дека буџетот за следната сезона нема да биде ист и дека политиката ќе биде поинаква, ЖРК Вардар ќе им даде шанса на младите сили.

Во дресот на „црвено-црните“ дефинитивно следната сезона нема да ги видиме Александра Лакрабер, која потпиша за Флер, Амандин Лејно која се договори со Ѓер, како и Драгана Цвијиќ за која во моментов цела Европа е во потера. Очекувано е и остантите интернационалки во скоро време да го решат прашањето околу својата иднина. 

 

 

Најново во Ракомет