ЖРК ВАРДАР СО НОВА АКЦИЈА

Донирај книга и добиј две влезници

Македонскиот шампион, ЖРК Вардар во петок го пречекува Турингер на домашен терен во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Од таборот на „црвено-црните“ воведоа нова акција. 

објавено: 14 ноември 2017 - 17:25

Македонскиот шампион, ЖРК Вардар во петок го пречекува Турингер на домашен терен во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Од таборот на „црвено-црните" воведоа нова акција: Донеси книга на билетарницата на СЦ Јане Сандански и и добиј 2 ВЛЕЗНИЦИ за натпреварот Вардар - Турингер.

„Со донирање на книга се вклучувате во акцијата за собирање книги на македонски јазик за градската библиотека во Нашице, Р. Хрватска, каде има македонска заедница. Билетарницата работи секој работен ден од 10:00 - 18:00 часот“, се вели во известувањето на ЖРК Вардар.

По петте победи во низа, Ирина Дибирова во петок ќе ја бараат шестата победа за целосна перфекција во групната фаза, која пак носи големи поволности во главната рунда, во која ЖРК Вардар вкрстува со групата Д.

 

 

 

Најново во Ракомет