ВТОРА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ

Подгорица е освоена: Вардарки го минаа и Крим

Екипата на ЖРК Вардар со две победи го заврши првиот турнир во регионалното натпреварување, откако го совлада и Крим со 27:30 (11:14). 

објавено: 14 септември 2017 - 21:57

Екипата на ЖРК Вардар со две победи го заврши првиот турнир во регионалното натпреварување, откако го совлада и Крим со 27:30 (11:14). Иако во Будуќност настапија без три десни бека (Лазовиќ, Бајрамовска и Лакрабер) како и голманката Лејно, сепак избраничките на Ирина Дибирова покажаа дека влегуваат во форма пред стартот на Лигата на шампионите.

Јованка Радичевиќ повторно одигра одличен меч, овој пат постигна десет гола, пет помалку имаше Лекиќ.

Вардарки мечот го отворија со 2-0, предност која ја одржуваа во поголем дел од првото полувреме кое го завршија со позитива од три гола 14-11. Во продолжение словенечкиот првак се врати (14:14), но македонскиот шампион брзо се врати, дојде до водство од 22:19 за мирна завршница.

КРИМ – ВАРДАР 27:30 (11:14)

ВАРДАР: Суслина, Мицевска, Радичевиќ 10, Кликовац 3, Саздовска 1, Пенезиќ 1, Керамичиева, Чанаџија 1, Хмирова 3, Цвијиќ 3, Лекиќ 5, Петровиќ 1, Ристовска 2. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 мин.

 

Најново во Ракомет