ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ЈА ПОМИНА ГЕРМАНСКАТА ТУРНЕЈА

Походот на Доха, следен предизвик

На крајот од август, од 26 до 29 август, вардарци ќе настапат на неофицијалното светско клупско ракометно првенство, Суперглоуб.

објавено: 14 август 2017 - 14:00

Со три одиграни натпревари во исто толку денови, ракометарите на Вардар ја затворија онаа фаза од подготовките наречена германска.

По оној дел во Крањска Гора, европскиот шампион направи и три проверки во Германија, во кои загуби во првите две, а ја доби третата, онаа која им го донее третото место на турнирот во Гумерсбах.

Сето тоа како еден добар вовед во она што следува пред крајот на овој месец. 
На рајот од август, поточно од 26 до 29 август, „вардарци“ ќе настапат на неофицијалното светско клупско ракометно првенство, Суперглоуб.

Прв противник во четвртфиналето ќе им биде иранскиот тим Нафт О Гасаран, додека во полуфиналето, Вардар би требало да се соочи со екипата на Барселона.

Тоа би било реприза од полуфиналето на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите, и пред „црвено-црните" ќе стои голем предизвик, да го забележат вториот триумф над Каталонците во меѓусебните дуели.

Најново во Ракомет