ШАМПИОНОТ ИМА МИНИМАЛНА ПОЗИТИВА

ПОЛУВРЕМЕ: Вардар се мачи, но и води против Пик Сегед (16-14)

Прво полувреме за заборав. Вардар е далеку од нивото кое што го навикнавме, избраниците на Раул Гонзалез повторно имаат непотребни технички грешки.

објавено: 18 февруари 2018 - 17:36

Прво полувреме за заборав. Вардар е далеку од нивото кое што го навикнавме, избраниците на Раул Гонзалез повторно имаат непотребни технички грешки. Не блескаат против Пик Сегед, по првите 30. минути резултатот е 16-14. Не само што „црвено-црните“ играат помалку чудно, туку и судиите имаат чуден критериум...Грубата игра на гостите не ја санкционираат.

Вардар отвори со серија од 3-1, со двата гола на Марсениќ и Дибиров, но унгарскиот вицепрвак врати со серија 3-0 и во петата минута поведе со 3-4, а потоа со 5-6. „Црвено-црните“ ја вратија позитивата со головите на Циндриќ и Шишкарев 7-6, но повторно влегоа во серија на грешки, доволно за незгодниот Пик Сегед ја стопи предноста, а потоа и да поведе, но на кратко. Се играше гол за гол (11-11 во 23. минута), Вардар не ја искористи предноста од играч повеќе, ниту пак одбраната на Штербик при 13-12, како и седмерецот. Веднаш стигна казна 13-13.

Вардар во последната минута конечно излезе од „агонијата“, Македа, а потоа Шишкарев, го искачија шампионот на 16-14. 

Тимур Дибиров со пет погодоци е најефикасен кај македонскиот тим, Циндриќ и Шишкарев имаат по три гола.

 

Најново во Ракомет