ШЕСТМИНА ИГРАЧИ И СТРУЧНИОТ ШТАБ СЕ ОДЈАВУВААТ ВО КЕЛН

ПОСЛЕДЕН ЕВРОПСКИ ТАНЦ: Гонзалез, Штербик, Циндриќ... сакаат титула за збогум

Од стратегот Раул Гонзалез на клупата, кој го превзема ПСЖ следната сезона, преку голманот Арпад Штербик (Веспрем), Лука Циндириќ (Келце), Илија Абутовиќ (Рајн Некар Левен), Жоан Кањељас и Хорхе Македа (Пик Сегед), па се до Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин) и Давид Дејвис (Египет) – сите имаат една желба, со европска круна да се простат од Скопје.

објавено: 26 мај 2018 - 10:30

Од Келн,

Марија Ковачева и Весна Николовска

Слично како дамите пред две седмици, сега половина тим на РК Вардар има и тоа како голем мотив да го крене одново пехарот во Лигата на шампионите.

Од стратегот Раул Гонзалез на клупата, кој го превзема ПСЖ следната сезона, преку голманот Арпад Штербик (Веспрем), Лука Циндириќ (Келце), Илија Абутовиќ (Рајн Некар Левен), Жоан Кањељас и Хорхе Македа (Пик Сегед), па се до Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин) и Давид Дејвис (Египет) – сите имаат една желба, со европска круна да се простат од Скопје.

По ланскиот успех нема сомнеж дека се национални херои за македонските спортски фанови, но колку што е за клубот, нацијата и навивачите, толку европскиот пехар носи и индивидуално задоволство.

На крајот на краиштата, сигурно е дека нема некој во вардаровиот табор (без разлика дали играчи или стручен штаб) кој не сака да го преживее одново делириумот и во „Ланксес" арената, но и на плоштадот во Скопје и да се одјави како еден и единствен во македонската и европската ракометна клупска историја.

Најново во Ракомет