МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА НА Ф4 ВО ЛШ

Последен вардаров поход кон Будимпешта

Изутринава „црвено-црните“ дами ќе го одработат последниот тренинг во својата база, а потоа со летаат за Будимпешта.

објавено: 10 мај 2018 - 10:15

Ракометарките на македонскиот првак Вардар попладнево патуваат за Унгарија на последниот поход кон Ф4 во Будимпешта во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ дами изутринава ќе го одработат последниот тренинг во својата база СЦ „Јане Сандански“, а потоа продолжуваат кон скопскиот аеродром од каде летаат за унгарската престолнина.

Петтиот настап во низа на една „фајнал-фор“ завршница за секоја од нив значи и финална шанса како тим да го кренат европскиот пехар, со оглед на тоа дека уште во февруари беше познато дека овој ѕвезден состав нема да постои во иднина.

Вардарки на Ф4 влегуваат како тим, кој постојано истрчува во „Ласло Пап“ откако е воведен „фајнал-фор“ во најсилното европско женско клупско натпреварување и е единствениот тим, кој дома се враќал со медал - три бронзени и еден сребрен.

Во последната шанса, како за крај, нека биде најблескавото - европската круна!

Најново во Ракомет