СЛОВЕНЕЦОТ ВО РЕДОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК

ПОТВРДЕНО: Сташ Скубе, нов плејмејкер на Вардар

Словенецот во следните три сезони ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.

објавено: 28 јуни 2018 - 10:14

Најавите дека Словенецот Сташ Скубе доаѓа во Вардар, експресно добија потврда од македонскиот првак, кој го претстави своето ново засилување.

Средниот бек ќе биде алтернативата за празното место на Лука Циндриќ, а клубот и ракометарот потпишаа тригодишен договор.

Скубе во „црвено-црните“ редови доаѓа од унгарскиот шампион Пик Сегед, а со неговото потпишување Вардар ќе има брз напад и ќе добие играч што е особено опасен во играта „еден на еден" и знае како да ја пробие противничката одбрана.

„Вардар го избрав затоа што е една од најдобрите екипи во Европа. Среќен сум што ќе бидам дека од голем тим. Очекувам многу, значи дека ќе се обидеме да стигнеме до самата завршница во сите натпреварувања. Мислам дека ќе бидеме добра екипа, и едвај чекај сѐ да почне“, изјави Сташ Скубе.

Вардар ќе биде втор клуб во неговата интернационална кариера. Претходно две сезони настапувал за Пик Сегед, а претходно три сезони (2013-2016) бил дел од тимот на Горење Велење. Потекнува од ракометната школа на Требње каде дебитираше во 2000 година со 16 години.

Со репрезентацијата на Словенија го освои бронзениот медал на СП за играчи до 21 година во 2009 година. За сениорската репрезентација на Словенија има одиграно 17 натпревари и постигнато 32 гола.

 

Најново во Ракомет