САЛАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Е РАСПРОДАДЕНА

Повеќе нема билети за Вардар - Барселона

Македонскиот шампион, Вардар како и секоја сезона во Лигата на шампионите, каталонскиот гигант ќе го пречека пред полни трибини. 

објавено: 30 октомври 2018 - 09:30

Билети за дуелот меѓу Вардар и Барселона во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите повеќе нема. Салата „Јане Сандански“ е распродадена, каталонскиот гигант како и секоја сезона ќе игра пред полни трибини. Засега нема информации дали челниците на клубот ќе пуштат дополнителни карти во продажба за стоење, нешто што се практикуваше лани.

Дуелот со Барселона се игра на 11 ноември, претходно (3. ноември) Вардар го пречекува Мешков Брест исто во рамките на елитното натпреварување. 

За оваа средба во слободна продажба останаа уште 1.500 билети, податок кој говори дека фановите на „црвено-црните“ ги полнат трибините само за попознатите тимови, како Барселона, Рајн Некар...

По паузата од две недели поради ЕХФ-неделата посветена на репрезентациите, Вардар денеска продолжува со обврските, му гостува на Мешков Брест во меч од СЕХА-лигата. На оваа средба македонскиот првак отпатува со млади ракометари, без Роберто Гарсија Парондо, на „кормилото“ се очекува да застане Билјана Црвенкока, која ќе стане првата дама која водела еден тим во регионалното натпреварување. Сите информации за овој натпревар може да ги прочитате ТУКА. 

Најново во Ракомет