Познати термините и саатниците на Вардар во групната фаза на ЛШ

Европскиот вицепрвак Вардар новата сезона во ЕХФ лигата на шампионите ќе ја почне на 6 октомври со домашен меч против ФТЦ Будимпешта.

објавено: 1 септември 2017 - 20:14

Европскиот вицепрвак Вардар новата сезона во ЕХФ лигата на шампионите ќе ја почне на 6 октомври со домашен меч против ФТЦ Будимпешта. Во договор со клубовите и ТВ куќите партнери на ЕХФ одредени се и саатниците на одигрување на натпреварите. Овој прв натпревар од групната фаза во СЦ „Јане Сандански" е закажан за 19 часот.

Вардар е во група со ФТЦ Будимпешта, Ларвик и плус уште едне клуб што ќе дојде од квалификациите. Првите три клуба од групата потоа продолжуваат да разигруваат во главната фаза и да се борат за пласман во четврт-финалето.

Натпреварите од групната фаза треба да се одиграат од почетокот на октомври до средината на ноември. Единствено се уште не познат терминот на нашето гостување во второто коло кај тимот што од квалификации ќе влезе во групната фаза. Тој меч треба да се игра во периодот од 13 до 15 октомври.

Распоред на натпревари
1. коло, 6 октомври 2017
Вардар - ФТЦ Будимпешта (19 часот)

2. коло, 13/15 октомври
Квалификант - Вардар

3. коло, 21 октомври
Ларвик - Вардар (17 ч.)

4. коло, 4 ноември
Вардар - Ларвик (17 ч.)

5. коло, 11 ноември
ФТЦ Будимпешта - Вардар (15 ч.)

6. коло, 17 ноември
Вардар - Квалификант (19 ч.)

Најново во Ракомет