МАКЕДОНСКИТЕ ТИМОВИ ГИ ДОБИВААТ ПРОТИВНИЦИТЕ

Битката - Вардар и Раул за почеток одложена

Македонските претставници во Лигата на шампионите, денеска (12:30 часот) ќе ги добијат имињата на противницие во групната фаза во елитното натпреварување. 

објавено: 29 јуни 2018 - 08:30

Вардар и Металург се целосно свртени кон Виена, каде денеска (12:30 часот) ќе се одржи ждрепката за новата сезона во лигата на шампионите. И двата македонски претставници во елитното клупско европско натпреварување  ја имаат улогата на носители. Тие се највисоко рангирани во своите групи, па добија можност да влезат во натпреварувањето од првиот шешир.

Она што е сигурно е дека македонскиот шампион, Вардар, кој две сезони по ред игра на завршницата во Келн (пред една година ја освои титулата) во групната фаза (А или Б групите) нема да игра против ПСЖ, каде тренер е Раул Гонзалез, креаторот на златната генерација на „црвено-црните“. Од француските тимови дефинитивно во Скопје повторно може да ги видиме Нант на Кирил Лазаров и новиот европски првак, Монпелје.

Металург, пак, доби можност да биде носител во групите Ц и Д и сигурно ќе го одбегне составот на Висла Плоцк од Полска.

Најново во Ракомет