СТИГНАА ЛОШИ ВЕСТИ

Проблем за Раул Гонзалез!

Раул Гонзалез во продолжение од сезоната во Лигата на шампиони и во францускиот шампионат ќе остане без еден од најдобрите ракометари. 

објавено: 19 октомври 2018 - 11:35

Македонскиот селектор, и тренер на ПСЖ, Раул Гонзалез во продолжение на сезоната ќе остане без еден од најдобрите ракометари. Станува збор за Никола Карабатиќ, поради проблем со стапалото денеска мораше да оди на операција. 

Првите информации велат дека Карабатиќ ќе биде надвор од терените од четири до шест месеци. Ова значи дека тој нема да може да настапува ниту на Светското првенство, кое се игра во јануари во Германија и Данска. 

Што се однесува до ПСЖ , Карабатиќ ќе биде подготвен за елиминациите од ЛШ, како и на фајнл-форот доколку францускиот тим успеа да обезбеди место.

 

Најново во Ракомет