ПОВРЕДАТА НА СРЕДНИОТ БЕК, СЕПАК Е СЕРИОЗНА

Проблем за Вардар: Циндриќ „виси“ за Рајн Некар

Повредата на ногата, сепак е сериозна. Лука Циндриќ не само што пропушти два натпревари, тој тренира под посебен режим. Докторите ќе го имаат последниот збор.   

објавено: 15 ноември 2017 - 09:12

Вардар во сабота го пречекува Рајн Некар во дербито на осмото коло во Лигата на шампионите. Европскиот првак со победа против силниот и незгоден германски состав ќе се зацврсти на првото место на табелата А и ќе биде на добар пат кон пласманот во четвртфиналето.

Но, на три дена пред оваа средба доаѓаат лоши вести од таборот на „црвено-црните“. Повредата на ногата која Лука Циндриќ ја заработи за време на ЕХФ-неделата, сепак е сериозна. Средниот бек за време на репрезентативниот настап доби удар, но целата ситуација се искомплицирала кога се вратил во Скопје. За време на еден од тренинзите на Вардар, тој добил удар на истото место и не само што ги пропушти дуелите со ППД Загреб и Динамо Панчево, тој тренира надвор од стројот. Дали Циндриќ ќе настапи против Рајн Некар ќе биде познато пред самиот дуел, одлука која ќе ја донесе лекарскиот тим.

Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар се игра со почеток во 17:30 часот, билетите за овој дуел речиси се распродадени.  

Најново во Ракомет