ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА ОСТАНУВА СОН

ПРОДОЛЖУВА ПРОКЛЕТСТВОТО: Вардар згаснува со сребро!

Исто како лани, Вардар и Ѓер мораа да играат продолжение за да Европа го добие името на шампионот. И овој пат победник излезе унгарскиот тим славеше со 27-26 и постана првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата.

објавено: 13 мај 2018 - 19:58

Од Будимпешта, 

Весна Николовска и Марија Ковачева

Исто како лани, Вардар и Ѓер мораа да играат продолжение за да Европа го добие името на шампионот. И овој пат победник излезе унгарскиот тим славеше со 27-26 и постана првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата. 

За жал Македонија европска титулата во ЛШ ќе почека..бидејќи ѕвездениот Вардар згаснува со сребро...

Тешки 15. минути за „црвено-црните“ на стартот на мечот. Никако не успеаваа да најдат решение за одбраната на Ѓер, кој иако пак не беше премногу ефикасен, сепак доминираше во овој дел од играта. Отвори со серија од 2-1, а потоа поведе со 4-1 во седумата минута. Првиот гол Вардар го постигна од седум метри и тоа во петата минута, преку Лакрабер. Предноста од три гола противникот ја пдржуваше до 16. минута 7-4.

Дојде време за нови блескави минути на Лејно, влезе во мини серија од четири одбрани, а Сара Ристовски заедно со Лекиќ најпрво израмнија на 7-7 на пет минути до крајот на првото полувреме. Кузњецова погоди за прво водство 7-8 на македонскиот шампион. Од оваа минута се играше гол за гол. На одморот двете екипи заминаа со 9-9.

Вардар одлично го отвори второто полувреме, во 35. минута поведе со највисоки плус два 9-11. Креаторот на серијата повторно беше Лејно, имаше три одбрани во низа. Пенезиќ не искористи шанса да ја зголеми предноста, истото го стори и Лакрабрер, за првпат беше непрецизна од седум метри. 

По голот на Лакрабер за 11-13, унгарскиот и европски шампион се врати во игра, беше 14-13 во 45. минута благодарение на Горбич. Како што одминуваа минутите, така финалето стануваше сè понеизвесно. Предноста одново и припадна на Вардар, Јованка Радичевиќ со првите два погодоци на мечот во 50. минута искачи на 15-16.  

Она што не им успеаваше на „црвено-црните“, Ѓер на спортивната страна го реализираше, Грот на двапати ја затресе мрежата на македонскиот шампион за 17-16 во 52. минута. Радичевиќ како вистински капитен беше на ниво на задачата кога најмногу беше потребно, израмни на 17-17, а на Лејно се избори за нов напад и за враќање на водството. Но, за жал обидот беше неуспешен и покрај тоа што Унгарките имаа играч помалку. Ѓер израмни и на три минути до крајот се влезе со нерешени 18-18.

Во последната минута противникот беше со играч помалку, Лазовиќ реализираше за 18-19, но на спротивната страна Грот реализираше седмерец за 19-19 и за инфаркт завршница. Лекиќ го најде патот до мрежата, Едуарда Аморин израмни на 20-20 на девет секунди до крајот, но Пенезиќ наместо погодок направи пробивање, па мечот отиде во продолжение. 

Првите пет минути завршија во корист на Ѓер, Аморим продолжи, не застаната (24-23). Најдобриот стрелец, Грот од седум метри зголеми на 25-23, а потоа Аморим искачи на 25-23. Вардраки се доближија на 26-25, но Ѓер веќе влезе во ритам, титулата не сакаше да ја испушти за ништо на светот. Имаа шанса „црвено-црните, но Чанаџија не успеа да се избори за пенали. 

Најново во Ракомет