ПРЕТПЛАТЕНИ ЗА НЕРЕШЕНО

Рајн Некар со реми кај Барса доаѓа кај Вардар

Дербито во групата А меѓу Барселона на Борко Ристовски и Рајн Некар на Филип Талески повторно заврши без победник (26-26). 

објавено: 12 ноември 2017 - 20:47

Дербито во групата А меѓу Барселона на Борко Ристовски и Рајн Некар на Филип Талески повторно заврши без победник 26-26 (13-13). Иако германскиот тим имаше негатива на средината на првото полувреме, сепак пред одморот успеа целосно да се врати во игра и да израмни на 13-13, а потоа во вториот дел дури и да поведе со 14-18.  

Барселона по голема борба, во последните седум минути успеа да се врати во игра, при 24-26, Мем и Томас дадоа два гола во серија за конечни 26-25. 

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески не се запиша во листата на стрелци, имаше еден неуспешен обид. На другата страна Борко Ристовски целиот меч го преседе на клупата.

Рајн Некар со играта во Барселона испрати порака до Вардар, дека во Скопје доаѓа по целиот плен и покрај тоа што во СЦ „Јане Сандански“ ретко кој може да се провлече. 

По завршување на седмото коло, Вардар е на врвот со 13 бода, Рајн Некар има 11, додека Барселона 10 бода. 

 

 

 

Најново во Ракомет