ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА АВИОНОТ

Вардарци заглавени во Виена

Екипата на Вардар веќе два часа е на аеродромот во Виена, поради дефект на авионот со кој требало да стигне до Хамбург.  

објавено: 20 април 2017 - 15:01

Екипата на Вардар веќе два часа е на аеродромот во Виена поради дефект на авионот со кој требало да стигне до Хамбург. Македонскиот тим денеска претпладне полета за Виена од каде веднаш требаше да се упати кон Хамбург од каде пак со автобус требаше да стигне до последната дестинација, Фелнзбург.

Поради технички проблем на авионот, ракометарите на Вардар веднаш биле вратени назад, па повеќе од два часа го чекаат прелетот за Хамбург.

Инаку токму од овие причини, но и за подобра аклиматизација на германско тло, вардарции одлучија да тргнат два дена порано кон Флензбург каде во сабота го играат првиот четвртфинален натпревар.

 

 

Најново во Ракомет