ПОЗНАТ ТИМОТ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО СО МОНПЕЉЕ

РАУЛ ГО НАПРАВИ ИЗБОРОТ: Пехарот се брани во најсилен состав

Шпанецот не менува ништо. Како што стигна до Келн, така и ќе атакува на нова европска круна.

објавено: 26 мај 2018 - 15:31

Од Келн,

Марија Ковачева и Весна Николовска

Стратегот на Вардар, Раул Гонзалез во најсилен состав ќе го брани европскиот пехар во полуфиналето со Монпеље на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите.

Шпанецот нема да менува ништо, односно со истите сили со кои стигна до „Ланксес" арената, на тие и ќе се потпре во дуелот со францускиот тим попладнево (18 часот).

Арпад Штербик и Страхиња Милиќ се на голот, Стоилов, Мораес и Марсениќ на пикерската позиција, Дибиров, Чупиќ и Шишкарев на крило, додека Циндриќ, Карачиќ, Кристопанс, Борозан, Абутовиќ, Македа, Кањељас и Војводиќ се бековите.

Најново во Ракомет