ТРЕНЕРОТ НА ВАРДАР ПРЕД МЕЧОТ ПРОТИВ НАНТ

Раул: Секогаш има нешто специјално кога играш против Лазаров

Јасно е дека дома мора да се брка победа, категоричен е стратегот на европскиот првак

објавено: 21 септември 2017 - 12:13

Екипата на Вардар се подготвува за првиот меч во Лигата на шампионите на свој терен, како актуелен европски владетел. На гости во „Јане Сандански“ доаѓа францускиот Нант. Тоа е тим во чии редови главна ѕвезда е капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. 

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес очекува со победа се биде поздравен европскиот првак, кој е во поход на одбрана на тронот. И Вардар и Нант славеа во првото коло од елитната лига. 

„Задоволен сум што стартувавме со победа. Нант игра многу добар ракомет, а имаат и добар старт на сезоната. Имаат добар тим со добар голман, но за нас е јасно дека дома мора да се победи. Очекувам брз и интересен натпревар со оглед на тоа дека и двата тима форсираат брз контранапад“, вели шпанскиот стратег.

Посебен мотив е кога за противник се има играч од светска класа како што е Лазаров, но раул потенцира дека фокусот е врз сите играчи, а не само кон најдобриот во редовите на Французите. Во редовите на нашиот првак единствено ќе недостасува голманот Страхиња Милиќ.

„Секогаш има нешто специјално кога играш против Лазаров, тој е одличен играч, има страшен шут, но не е само тој играч во Нант. Тие имаат 16 играчи и треба да се подготвуваме за сите исто. Во напиот состав, со исклучок на голманот Страхиња Милиќ, другите ракометари се добри, здравствениот билтен е во ред и ќе можам да сметам на сите“, додаде Раул на денешната прес-конференција.

Дуелот се игра в сабота, во 17:30 часот. 

Најново во Ракомет