НЕ ЧЕКА ВИКЕНД ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Рекордите чекаат да бидат урнати: Вардар и Чупиќ пред портите на историјата

Бројките, фактите...не можеме да ги прескокнеме колку и да сакаме. Страниците на Лигата на шампионите чекаат да бидат исполнети со нови историски остварувања.

објавено: 26 мај 2018 - 08:40

Од Келн, 

Марија Ковачева и Весна Николовска

И оваа година во Келн покрај клубовите, дел од играчи може да се запишат во историјата на Лигата на шампионите. Вардар може да постане првиот тим кој ја одбранил титулата, а додека дел од ракометарите да го остварат она што на никого не му пошло од рака.

Кога сме кај играчите, тука на прво место е Иван Чупиќ. Хрватскиот интернационалец може да постане првиот играч кој успеал да го освои трофејот три сезони по ред. Откако во 2016 година најпрво се искачи на тронот со Келце, следната година со Вардар го приредија најголемото изненадување. Сега во Келн, Чупиќ е да го повтори историскиот успех на златната генерација на Барселона во 1990 година.

Она што Никола Карабатиќ не успеа да го оствари минатата сезона „благодарение" на Вардар, ќе може да го исполни викендов. Францускиот репрезентативец може да стане првиот ракометар кој го освои трофејот со четири различни екипи. Во својата кариера тоа го има сторено со Монпелје (2003), Кил (2007) и Барселона (2015).

Додека пак Арпад Штербик може да дојде до петтиот трофеј во својата кариера (Суидад Реал - 2006, 2008, 2009 и Вардар - 2017).

ПСЖ во полуфиналето на Ф4 силите ќе ги одмери со Нант за кого настапува Кирил Лазаров.

Најново во Ракомет