ВАРДАРКИТЕ НИЗ ЕВРОПА СЕ ОБЕДИНУВААТ ВО БУДИМПЕШТА

„REUNION“: Дембеле и Алтхаус одново меѓу „црвено-црните“

Крилото на полуфиналниот ривал Ростов Дон, Демвеле, како и пикерот на Ѓер, Алтхаус го носеа дресот на ЖРК Вардар претходните сезони, а сега повторно ќе се обединат со „црвено-црните" на Ф4 во Будимпешта

објавено: 9 мај 2018 - 17:15

Завршниот турнир во Лигата на шампионите во Будимпешта ќе претставува едно мало обединување на вардаровите ракометарки низ Европа.

Попрецизно кажано, крилото на полуфиналниот ривал Ростов Дон, Сираба Дембеле, како и пикерот на Ѓер, Ања Алтхаус се ракометарки кои претходните сезони го носеа дресот на ЖРК Вардар, а сега одново ќе се сретнат со своите екс-соиграчки.

Секако за македонските фанови тоа е интересен факт, особено ако се потенцира дека и двете останаа три, односно две сезони во „црвено-црниот" дрес и испишуваа историја заедно со останатите вардарки.

Но, како вистински професионалци и за нив, како и за оние девојки кои во моментов ги бранат боите на македонскиот првак важи правилото – пријатели надвор од теренот, на него лути ривали.

Најново во Ракомет