ЕВРОПСКАТА РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА ГИ НАЈАВИ НОВИТЕТИТЕ

РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ПРОМЕНИ: Лигата на шампиони ќе брои 12 екипи

Европската ракометна федерација ги најави промените, за кои долго време се зборуваше. Од денеска и официјално Лигата на шампионите од 2020 година ќе брои 12 екипи. Промени ќе има и во елитното женско натпреварување

објавено: 20 октомври 2017 - 14:07

Европската ракометна федерација ги најави промените, за кои долго време се зборуваше. Од денеска и официјално Лигата на шампионите од 2020 година ќе брои 12 екипи, кои ќе играат по лигашки систем, што пак значи дека ќе се одиграат 22. кола. По завршувањето на натпреварите, најдобрите тимови најпрво ќе играат четвртфинале, а потоа ќе следи фајнл-фор.

Инаку осум клубови ќе обезбедат директно место во Лигата на шампионите, ова ќе бидат екипите од државите со најдобар коефициент, останатите четири места ќе бидат потполнети преку квалификации.

Промени има и во Купот на ЕХФ, ќе се вика Европска Лига, која ќе брои 24 тима, по завршување на групната фаза ќе се игра осминафинале, четвртфинале и Ф4.

Што се однесува до најелитното женско клупско натпреварување, нема да има промени во бројот на учесници, остануваат 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи по осум. Најдобрите четири тима преку четвртфиналето ќе се борат за пласман на Ф4.

 

Најново во Ракомет