УШТЕ ЕДНА РАКОМЕТАРКА НА ПАТ КОН СЛОВЕНИЈА

Ристовска добива друштво, Лазовиќ се враќа во Крим

Македонската репрезентативка нема да биде единствената ракометарка на Вардар која следната сезона ќе ја гледаме во дресот на Крим. По неа со словенечкиот тим се договори и Барбара Лазовиќ. 

објавено: 7 март 2018 - 19:16

Македонската репрезентативка нема да биде единствената ракометарка на Вардар која следната сезона ќе ја гледаме во дресот на Крим. По неа со словенечкиот тим се договори и Барбара Лазовиќ. Десниот бек по пауза од четири години одново ќе го носи дресот на овој тим, каде настапуваше од 2007 до 2009 година, а потоа од 2010 до 2014 година, по што потпиша за македонскиот тим.

За постетување во текот на вчерашниот ден Сара Ристовски потпиша двегодишен договор. 

Откако челниците на ЖРК Вардар им соопштија на своите ракометарки дека следната сезона буџетот ќе биде драстично намален, досега нови средни најдоа Лекиќ, Цвијиќ, Радичевиќ, Лејно и Лакрабер. 

Најново во Ракомет