ДОБИЈА НЕЗГОДНИ ПРОТИВНИЦИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО ВО ЛШ

Ристовски, Лазаров и Талески на тешка мака, среќно за Манасков

Во осминафиналето во Лигата на шампионите пласман обезбедија македонските репрезентативци и нивните тимови, кои добија незгодни противници.

објавено: 5 март 2018 - 10:30

Осминафиналето во Лигата на шампионите ќе биде доста интересно за нас Македонците. Покрај тоа што Вардар ќе го чека својот противник за четвртфиналето, за место во оваа рунда ќе се борат дури и четворица македонски репрезентативци и нивните тимови. 

Најлесно мина Дејан Манасков, неговиот Веспрем кој заврши на второто место во групата Б, ќе игра против Скјерн. Барселона за кого настапува Борко Ристовски како третопласирана екипа во групата А силите ќе ги одмери со Монеплје, Нант на Кирил Лазаров го доби Мешков Брест, додека Рајн Некар и Талески го добија Келце.

Што се однесува до Вардар, кој заедно со ПСЖ како првопласирани во своите групи обезбедија директен пласман во четвртфиналето, ќе го чека подобриот од мечот меѓу Пик Сегед и Кил.

Осминафиналето се игра од 21 до 25 март, а реваншите се во периодот од 28 март до 1 април, додека пак четвртфиналните мечеви од 18 до 22 април, а потоа од 25 до 29 истиот месец.

Осминафинални двојки:

Монпеље – Барселона
Скјерн – Веспрем
Мешков Брест – Нант
Кристијанштад – Фленсбург
Пик Сегед – Кил
Келце – Р.Н.Левен

Четврт-финални двојки:

Пик Сегед/Кил – Вардар
Келце / РНЛ – ПСЖ
Кристијанштад / Фленсбург – Барселона/Монпеље
Мешков Брест / Нант – Скјерн/ Веспрем

Најново во Ракомет