ЕХФ ГО НАЈДЕ ОДГОВОРОТ НА ЧЕСТО ПОСТАВУВАНОТО ПРАШАЊЕ

Сакате да го сопрете Вардар? Мора да го победите Штербик

Импресивната партија на Вардар по седум одиграни кола во Лигата на шампионите, го наметна прашањето дали некој ќе успее да го сопре налетот на европскиот првак. Ако се прашува ЕХФ, еден од главните и одговорни за успесите на „црвено-црните“ е Арпад Штербик. 

објавено: 14 ноември 2017 - 09:30

Комплиментите испратени на адресата на Вардар продолжуваат. Европската ракометна федерација својата анализа за седмото коло ја почнува во прашањето: Дали може некој да го сопре Вардар?. 

„Европскиот првак Вардар има загубено само еден бод во седум одиграни натпревари во групата А. По победата над ППД Загреб го зачува првото место на табелата. Вардар е на добар пат директно да се квалификува во четвртфиналето. Следниот меч против Рај Некар ќе биде одлучувачки. Станува збор за дуел меѓу две екипи кои немаат пораз сезонава. Победа за Вардар значи отворен пат кон посакуваната цел, додека пак со победа на Рајн Некар битката во групата А ќе стане пожестока. 

За да го добието одговорот на главното прашање: Дали некој може да го сопре Вардар, ќе мора прво да го победите Арпад Штербик, само така може да го добието европскиот првак.“, стои во анализата на ЕХФ.

Вардар во сабота го пречекува Рајн Некар за кого настапува Филип Талески. „Лавовите“ со ремите кај Барселона одиграа за македонскиот тим, останува Раул Гонзалез и неговите избраници во СЦ „Јане Сандански“ да дојдат до победа и да го заверат местото во следната фаза, каде што припаѓаат. 

Најново во Ракомет