Претседателот на Вардар предупредува

Самсоненко: Ќе се повлечам од ракометот ако судењето не биде праведно

"Годишно вложувам седум милиони евра во ракометот. Ако судењето не биде како што треба, јас ќе се повлечам од ракометот" изјави Самсоненко

објавено: 19 април 2017 - 12:22

Првиот човек на РК Вардар, Сергеј Самсоненко на денешната прес-конференција најави повлекување од ракометот доколку македонскиот шампион не добие коректно судење во четвртфиналниот дуел против Флензбург во Лигата на шампиони.

„Имаме лоши информации, судиите за првиот меч се од Данска, истите кои пред три години ни судеа против Барселона. Се плашиме од црни сценарија и не ми е јасно зошто тие судии се делегирани кога Флензбург е преполн со дански играчи и има спонзор од Данска. Сакам да кажам дека ако се случи такво нешто какво што најавувам, јас ќе се повлечам од Вардар. Клубовите нема да ги оставам, но да инвестирам 7 милиони евра годишно е бесмислено. Ќе работиме со млади школи и домашни играчи. После секој пораз и секоја неправда лежам болен по два три дена, нема повеќе тоа да си го дозволам", смета Самсоненко.

Првата четвртфинална средба се игра во сабота, Вардар му гостува на Флензбург.

Најново во Ракомет