СПОРЕД РУСКИТЕ МЕДИУМИ

Самсоненко со голем проект во Русија: Ростов на Дон - мажи и Легија Дон - жени

Она што првиот човек на Вардар го направи во Македонија од следната сезона ќе го преслика во неговиот роден град. 

објавено: 18 април 2018 - 14:08

Ако им се верува на руските медиуми, Сергеј Самсоненко започнува голем ракометен прокет во Русија. Од следната сезона првиот човек на Вардар ќе биде соопственик на машкиот тим Ростон на Дон, а додека година потоа неговиот роден град ќе добие и женски тим, кој ќе се вика Легија Дон.

„Вчера бизнисменот и сопственик на машкиот и женски клуб "Вардар" и ФК "Вардар", најави создавање на професионален машки клуб во градот Ростов на Дон. Ова одамна беше познато, доби потврда. Најверојатно клубот ќе имате време да се изјасни дали ќе настапува во Супер лигата во новата сезона 18/19 ". Според "Спорт на Дон", тоа не е сè. Следната сезона, планира да се создаде женски тим кои ќе игра во европските натпреварувања, кој ќе се вика Легија Дон. Самсоненко ќе игради и нова модерна Аерна“, пишуваат руските медиуми.

Оваа најава особено за женскиот тим добива логика особено ако се земе во предвид дека ЖРК Вардар од следната сезона ќе биде само една обична екипа. Што се однесува до РК Вардар тука работите се поинакви, најавени се бројни заминувања, но и нови засилувања.

Најново во Ракомет