ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА ТРГНА СО ПОРАЗ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

Сè е исто како лани: Металург немоќен против Монпелје

Екипата на Металург со пораз ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Избраниците на Лино Червар, очекувано на гостувањето кај Монпелје беа совладани со 32-22 (19-11).

објавено: 16 септември 2017 - 18:54

Екипата на Металург со пораз ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Избраниците на Лино Червар, очекувано на гостувањето кај Монпелје беа совладани со 32-22 (19-11).

Јаганац со шест погодоци беше најефикасен. Кузмановски имаше пет гола, додека по четири постигнаа Пешевски и Велковски. 

Македонскиот тим тргна добро, имаше водство од 2-3 и беше рамноправен противник до 11. минута, по која дојде до израз квалитетот на противникот. На Монеплје му беа потребни околу осум минути за да го скрши отпорот на младите ракометари на Металург. Минималните 7-6, со серија од 6-1 ги претвори во водство од 13-7. Францускиот тим го казнуваше грешките, поголем дел од головите ги постигна со брза транзиција. Во 25. минута домашниот состав имаше највисоки 16-8, а на полувремето замина со 19-11.  

Ниту во вториот дел не се промени ништо. Во 34. минута, Монпелје ги забележа највисоките 21-12, а во 42. минута поведе и со двоцифрени 24-14 и до крај имаше лесна задача, рутински да го приврши мечот. Металург во 22. минута намали на шест разлика 27-21, но домашниот тим пред крајот дојде на двоцифрени 32-22. 

Во следното коло Металург е домаќин на Бешикташ. Утре во Плоцк европскиот шампион, Вардар и готува на Висла. 

 

Најново во Ракомет