ВЕСПРЕМ ИГРА МЕЧ ОД ДОМАШНАТА ЛИГА

СЕ ШТЕДАТ СИЛИ: Давид Дејвис го чува Штербик за Скопје

Пред гостувањето кај Вардар, унгарскиот вицепрвак има еден натпреварот домашниот шампионат. 

објавено: 12 февруари 2019 - 17:47

Веспрем е со мислите кон Вардар, иако вечерва игра меч од домашниот шампионат. Давид Дејвис предводникот на унгарскиот вицепрвак, очекувано одлучи да одмори неколку ракометари и да ги сочува силите за главната битка во Скопје.

Во составот на Веспрем го нема искусниот голман Арпад Штербик, кој за првпат по заминувањето од Вардар во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде на противничката страна. Дејвис одлучи да го одмори и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, кој е во одлична форма сезонава.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за во сабота со почеток во 17:30 часот, ова е пресметка за второто место на табелата во групата А, на кое во моментов се наоѓаат „црвено-црните“. 

 
 
 
View this post on Instagram

Mai keretünk a Budakalász ellen. Today's squad against Budakalász. #WeAreVeszprem #AllReds

A post shared by Telekom Veszprém (@handballveszprem) onFeb 12, 2019 at 8:22am PST

Најново во Ракомет