ЗА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ВО ЛШ

Се спрема фешта: Големото вардарово знаме ќе блесне во „Јане Сандански“

Вардар е на 60. минути до пласман на завршницата во Келн. Македонскиот и европски првак на домашен терен треба да го завери местото меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите. 

објавено: 23 април 2018 - 08:30

Првиот чекор кон пласман на фајнл-форот во Келн е направен. Вардар од гостувањето кај Кил во рамките на првиот четвртфинален натпревар се враќа со минимален триумфо од 29-28, остануваат да се одиграат последните 60. минути.

Важниот дуел Раул Гонзалез и неговите избраници го играат на домашен терен (недела, 17 часот), а како и секогаш така и овој пат салата ќе биде исполнета да последното место, веќе одамна сите билети се распродадени, дури и оние на стоење.

Ова нема биде обичен ден, „црвено-црните“ за последен пат во овој состав ќе играат еден меч од Лигата на шампионите пред своите фанови. А токму затоа веќе одамна во СЦ „Јане Сандански“ се прават подготовки, истиот да биде посебен.

„Спортмедиа“ дозна еден мал детал, големото вардарово знаме кое обично се поставува на теренот, овој пат најверојатно ќе биде на трибините, поточно на оние спроти клупите за играчи. Ова е само дел од она што ќе се случува во недела...

 

Најново во Ракомет