РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ ПО ЖДРЕПКАТА ЗА ЛШ

Сега сме шампиони, ќе има притисок, тоа е новитет за нас

„Мислам дека ќе биде извонредна сезона бидејќи сите екипи со кои ќе играме се многу добри и на одлично ниво, и доколку сакаме да имаме шанса мораме да играме добро“- смета Шпанецот на клупата на Вардар

објавено: 1 јули 2017 - 13:20

Европскиот шампион не доби група по мерка преку која треба да почне со одбраната на трофејот освоен оваа сезона. Но кај „генералот“, кај Раул Гонзалез, нема место за паника, напротив.

Шпанскиот стратег и македонски селектор смета дека сега Вардар е во една малку поинаква ситуација. Односно дека од позиција на европски првак работите за „црвено-црните“ се усложнети и малку потешки од што беа досега.

Вардар за противници во групата ги доби Барселона, Некар Левен, Пик Сегед, Загреб, Висла Плоцк, Кристијанштад и Нант. Првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите стартува на 13 септември.

Као и да е, Гонзалез се надева на уште една успешна сезона на Вардар во Лигата на Шампионите. 

„Мислам дека ќе биде извонредна сезона бидејќи сите екипи со кои ќе играме се многу добри и на одлично ниво, и доколку сакаме да имаме шанса мораме да играме добро. Сега незнаеме како ќе биде, но сигурно е дека ќе биде доста тешко, особено надвор од Скопје. Ние сме европски прваци и знаеме дека ќе имаме притисок, а тоа ќе биде ново за нас" – изјави тренерот на „вардарци“ по ждребката.

Најново во Ракомет