ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ДЕВОЈКИ НА ПОДГОТОВКИ ВО СРБИЈА

Шампионската форма ќе се бруси на Златибор

„Вардарки“ ќе останат десетина дена во српскиот туристички центар

објавено: 7 август 2017 - 17:55

Ракометарките на европскиот вицешампион Вардар заминаа на висински подготовки на Златибор, каде што ќе останат во следните десетина дена. Таму ќе се работи, пред сѐ, на физичката подготвеност за новата сезона, во која ги очекува нов предизвик во борбата за првата шампионска титула.
Потоа вардарки ќе се вратат во Скопје, каде што ќе бидат домаќинки на силен меѓународен турнир од 23 до 26 август, а таму, покрај Вардар, ќе настапат Ростов, Краснодар, Будуќност, ЧСМ Букурешт и Одензе. Веднаш потоа, на средината од септември, вардарки ќе стартуваат и со настапите во регионалната лига.

Најново во Ракомет