Очекувано

ШАМПИОНСКИ ВПЕЧАТОК - Вардар пак ја импресионира Европа и е број 1 сезонава според ЕХФ

Европскиот првак Вардар без пораз гази во Лигата на шампионите и сосема очекувано повторно е број 1 во рангирањето на ЕХФ, како состав кој најмногу импресионира во новата сезона

објавено: 28 октомври 2017 - 17:22

Европскиот првак Вардар без пораз гази во Лигата на шампионите и сосема очекувано повторно е број 1 во рангирањето на ЕХФ, како состав кој најмногу импресионира во новата сезона.

Шампионскиот впечаток повторно е најсилен на Стариот континент, што е големо признание за „црвено-црните“. Избраниците на Раул Гонзалес се први во А групата од ЛШ и заслужено се на врвот на ранг-листата. 

По скопјани во топ-10 следат Веспрем, ПСЖ, Барселона, Фленсбург, Рајн Некар, Пик Сегед, Монпелје, Мешков Брест и Нант на Кирил Лазаров.

Најново во Ракомет