Германскиот тим бележи само порази

ШАНСА ЗА ИСТОРИЈА: Флензбург во лоша форма пред четврт-финалето против Вардар

Противникот на македонскиот шампион се наоѓа во криза откако минатата седмица го загуби германскиот куп, а сега одигра и лош меч против Фуксе Берлин каде што беше поразен со 32:34

објавено: 17 април 2017 - 09:50

Шампионот на Македонија, Вардар и германскиот тим Флензбург како што е познато ќе ги вкрстат копјата во четврт-финалето од Лигата на шампионите. „Црвено-црните" имаат одлична шанса пред себе за прв историски пласман на фајнл-фор турнирот во Келн бидејќи противникот се наоѓа во крриза.

Откако минатата недела Флензбург го загуби финалето од германскиот куп против Кил, вчера беше неочекувано стопиран и во Бундеслигата. „Лекот" за екипата предводена од Љубиша Врањеш го пронајде Фуксе Берлин кој триумфираше со 34:32.

На овој пораз највеќе се радува Рајн Некар Левен кој повторно го презеде лидерското место.

Првиот меч меѓу Флензбург и Вардар се игра наредната сабота во Флензбург со почеток од 17:30 часот.

Најново во Ракомет