ТРЕНЕРИТЕ ОДБРАА

Штербик и Гонзалез во „дрим тимот“, вулканот „Јане Сандански“ трет во Европа

Со стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, тренерите екипите учесници го одбраа најдобриот тим и најпеколната сала. 

објавено: 20 септември 2017 - 10:51

Со стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, тренерите екипите учесници го одбраа најдобриот тим и најпеколната сала. Ракометарот на европскиот првак, Вардар, Арпад Штербик и тренерот Раул Гонзалез се најдоа во „дрим тимот“.

Искусниот голман доби 15 гласови, десет повеќе од чуварот на „мрежата“ на Барселона, Перес де Варгаз. Раул Гонзалез пак е одбран за најдобар тренер. Предводникот на „црвено-црните“ доби 20 гласови, дури 11 повеќе од Љубимир Врањеш. На третото место во оваа конкуренција се најде Чави Пасквал од Барселона.

Иако фановите на Вардар во минатата сезона неколку пати беа прогласени за најдобри, сепак најпеколна атмосфера има во Веспрем Арената. Салата „Јане Сандански“ се најде на третото место, зад салата над Кил.

На останатите позиции во „дрим тимот“ доминираат ракометарите на ПСЖ, кој оваа сезона според многумина е најсериозен кандидат за освојување на титулата. 

Резултатите од гласањето на тренерите може да го видите на овој ЛИНК. 

 

Најново во Ракомет