ПРОБЛЕМ ПЛУС ЗА ВАРДАР

Штербик не беше случајно заменет!

Вардаровиот голман кој се најде во Ол-стар тимот за оваа сезона е под знак прашалник за дуелот со ПСЖ за третото место на Ф4.

објавено: 27 мај 2018 - 09:30

Од Келн,

Марија Ковачева и Весна Николовска

Арпад Штербик вчера за жал не можевме да го видиме во препознатливата форма. Вардаровиот голман кој се најде во Ол-стар тимот за оваа сезона е под знак прашалник за дуелот со ПСЖ за третото место на Ф4. 

Штербик во првото полувреме, во кое запиша само една интервенција излезе од игра, а потоа во второто по само неколку напади се повлече од игра. Според последните информации, најверојатно станува збор за повреда, но колку е сериозна, засега нема информации, со оглед на ситуацијата дека е фајнл-фор, никој не сака да зборува ништо.

Не се сомневаме дека лекарскиот тим ќе направи сè за да голманот биде на располагање за дуелот со ПСЖ. Но, постои голема веројатност главниот товар да биде оставен повторно на Страхиња Милиќ, кој вчера против Монпелје имаше свои „пет“ минути. Токму благодарение на неговите интервенции, Вардар во последните две минути целосно се „разбуди“ и имаше шанса најмалку за изедначување.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар е закажан со почеток во 15:15 часот, по оваа средба следи француската битка за титулата меѓу Нант и Монпелје.

Најново во Ракомет