ЗАТОА Е НЕЗАМЕНЛИВ И ЕДИНСТВЕН

Штербик: Немам страв од противниците, врвните играчи ме прават поголем и подобар

Ако се прашувавте која е тајната за успехот на искусниот голман на Вардар. Одговорот е едноставен, иако зад себе има богата кариера, Штербик вели дека не може да издвои против кого му било најтешко да игра.

објавено: 7 февруари 2018 - 19:17

Она што Арпад Штербик го направи за својата Шпанија не може да се заборави ниту две недели по завршување на Европското првенство, веруваме дека и во следните години ќе се присетуваме на неговите маестрални одбрани, благодарение на кои „црвената фурија“ стигна до првиот златен медал. 

Ако се прашувавте која е тајната за успехот на искусниот голман на Вардар. Одговорот е едноставен, иако зад себе има богата кариера, Штербик вели дека не може да издвои против кого му било најтешко да игра.

„Немам страв од противниците, но ги почитувам. Ги ценам големите играчи, бидејќи тие те прават уште поголем и подобар", рече Штербик во интервју за „Моцарт“.

Вардаровиот голман е воодушевен од играта на Македонија на ЕП, но како што вели проблемот на нашата репрезентација е кратката клупа..

„Чешка ме изненади како екипа, Македонија играше добар ракомет, но потоа се повреди Лазаров, а немаат база од 30 играчи како Германија на пример", е коментарот на вардаровиот голман.

Кога станува збор за плановите по завршување на играчката кариера, Штербик вели дека ќе се посвети на своето семејство.

„Не ме интересира тренерската работа, веќе со години патуваме натаму-наваму. Секој ден имаме некои обврски, менуваш земји. Ваквиот начин на живот не ме привлекува повеќе, сакам да живеам за семејството", заврши искусниот голман, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Веспрем.

Најново во Ракомет