Во наредните денови треба да се знае иднината на вицепрвакот

ШТО ЌЕ БИДЕ СО МЕТАЛУРГ: Во Љубљана ќе се знае идната сезона на ЛШ

Македонија барем засега има два претставници и тоа РК Вардар кај мажите и ЖРК Вардар кај девојките. Останува да се види што ќе биде со Металург

објавено: 4 јуни 2017 - 17:45

Европската ракометна федерација пред почетокот на мечот за третото место, денеска одржа прес-конференција на која го закажа почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите. по потпишувањето на договорот со компанијата „Горење", објавено беше дека новата сезона ќе стартува овој месец, на 13. ден. Тоа ќе биде ждребот на Лигата на шампионите со кој и официјално ќе се означи старт, а истиот ќе се одржи во замокот во Љубљана, Словенија.

Барем засега, Македонија ќе биде претставувана од Вардар и во женската, како и во машката конкуренција, додека, пак, РФМ до 7. овој месец, во договор со Металург ќе треба да аплицира за вајлд карта за уште едно место во машкиот дел од ова натпреварување.

Најново во Ракомет