ПОЗНАТА Е СЛЕДНАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА ФРАНЦУЗИНКАТА

Сираба Дембеле ќе го замени Вардар со Ростов Дон

Најдоброто лево крило во Лигата на шампионите за минатата сезона, вардарката Сираба Дембеле, в лето ќе се пресели во Ростов Дон.

објавено: 22 декември 2015 - 12:05

Уште на крајот на ноември клубот потврди дека капитенот на француската репрезентација нема да го продолжи договорот со Вардар, кој истекува во јуни 2016 година. 

Сега француските медиуми информираат дека нова дестинација во кариерата на Дембеле ќе биде Ростов Дон. Една од главните причини за заминувањето на Дембеле од Вардар било ниското ниво на квалитет во македонското првенство и недостатокот на натпревари.

Ростов уште од почетокот на оваа сезона почна да гради тим кој цели на европскиот трон, а 29-годишната Дембеле нема ништо пониски амбиции. Сепак, претходно ќе има шанса да си го оствари сонот со Вардар, на некаде во мај кога ќе се игра фајналфор-турнирот во ЛШ.

Крилото дојде во Вардар во 2013 година и ја игра третата сезона. Ростов ќе биде нејзината трета странска дестинација по Рандерс и Вардар. 

Најново во Ракомет