РЕКОРДНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ВО РАКОМЕТ

Сите по ЛШ по „чудото“ на Вардар

По неверојатната европска титула на Вардар во ракометната Лига на шампиони, има рекорден број на апликации за учество во елитното натпреварување за 2016/17

објавено: 12 јуни 2017 - 17:56

Наскоро ќе се дознае дали Македонија ќе има два претставници во Лигата на шампиони во ракомет, откако македонскиот вице-шампион Металург по третпатпобара вајлд-карта, додека рекордни 43 тимови аплицираа за место во елитата. Вкупно 43 тимови од 26 европски нации бараат место во сезоната 2017/18.

Според рејтингот на ЕХФ, 24 тимови (22 национални шампиони и второпласираните во Германија и Унгарија) се регистрираа за учество во ЛШ, а покрај тоа 19 клубови кои обезбедија настап во ЕХФ Купот побараа влез во ЛШ преку националните федерации.

Лигата на шампиони на ЕХФ ќе се игра во ист формат како претходните две сезони со 28 тимови во групната фаза поделени во четири групи, што значи дека само четири клубови ќе добијат вајлд-карта.

Ждрепката за квалификацискиот турнир ќе се одржи во Виена на 29 јуни, додека ждрепката за групната фаза во Љубљана на 30 јуни.

ДИРЕКТНО КВАЛИФИКУВАНИ ТИМОВИ (24)

Алпла Хард (Авт), Мешков Брест (Блр), ППД Загреб (Хрв), Алборг (Дан), Барселона (Шпа), Кокс (Фин), ПСЖ (Франција), Рајн-Некар Левен (Гер), Фленсбург (Гер), Веспрем (Унг), Пик Сегед (Унг), ВАРДАР (Мкд), Елверум (Нор), ОЦИ (Хол), Келце (Пол), Спортинг (Пор), Динамо Букурешт (Ром), Чеховски Медведи (Рус), Цеље (Сло), Кадетен Шафхаузен (Шва), Татран Прешов (Свк), Кристијанштад (Шве), Бешикташ (Тур), Мотор (Укр)

ТИМОВИ КОИ БАРААТ ВАЈЛД-КАРТА (19)

СКА Минск (Блр), Нексе (Хрв), Скјерн (Дан), Бјерингбро-Силкеборг (Дан), Адемар де Леон (Шпа), Логроњо (Шпа), Нант (Фра), Монпеље (Фра), Кил (Гер), Татабања (Унг), МЕТАЛУРГ (Мкд), Порто (Пор), Висла Плоцк (Пол), ЧСМ Букурешт (Ром), Горење Велење (Сло), Полва Сервити (Ест), Макаби Ришон Лезион (Изр), Драгунас Клајпеда (Лит), Еш (Лук)

Најново во Ракомет