МАКЕДОНСКИОТ ТИМ СО СООПШТЕНИЕ ДО ЕХФ

СКАНДАЛ: Металург ќе размисли дали ќе настапува во Лигата на шампиони

Металург не го доби спорот со Немања Обрадовиќ и покрај тоа што цврсто стоеше на ставот дека има чисти документи. Откако ЕХФ пресуди во корист на српскиот ракометар, раководството на тимот од Автокоманда испрати соопштение до европската ракомента федерација ве кое наведе дека по оваа одлука добро ќе размислат дали во иднина ќе сакаат да бидат дел од ова натпреварување. 

објавено: 11 септември 2017 - 16:50

Металург не го доби спорот со Немања Обрадовиќ и покрај тоа што цврсто стоеше на ставот дека има чисти документи. Откако ЕХФ пресуди во корист на српскиот ракометар, раководството на тимот од Автокоманда испрати соопштение до европската ракомента федерација ве кое наведе дека по оваа одлука добро ќе размислат дали во иднина ќе сакаат да бидат дел од ова натпреварување.

„Нема крај нашето разочарување. Тоа е големо и болно затоа што знаеме дека сме апсолутно во право за Обрадовиќ. Дури и тие кои ја донесоа оваа одлука знаат дека е така. Верувавме во правда, посебно во спортска права како најчиста.

Но, на крајот се покажа дека безнадежно верувавме во силата на правдата. Излезе на крајот дека спортот исто така може да се води со сила.

Прашањето кое Металург сега им го поставува на каков е овој сигнал кон клубовите кои чесно се борат за место под сонцето? Каква е поентата од потпишување валидни договори кога тие на крајот не се почитуваат? Дали ова значи дека ракометарите што сега играат за Маеталург (и другите клубови) можат да си заминат кога сакаат и да потпишат за кој било клуб?

Дали ова значи дека сме во опасност неколку дена пред отворањето на сезоната во Лигата на шампионите?
Господа, едноставно нема смисол и не е фер.

Ако е ова праксата, кој е смисолот на ова натпреварувње и на нашите инвестирања во клубот и ракометарите, сега кога веќе не сме сигурни дека тие се навистина наши ракометари и лојално ќе ги бранат боите на нашиот клуб.

Во случајот на Обрадовиќ, премногу релевантни докази имаше дека тој е наш ракометар и дека тој, неговиот менаџер и Висла Плоцк го направија најголемиот прекршок во спортот со тоа што потпишаа за два клуба во исто време.

Но, сега единствено тие што навистина ништо не згрешиле се казнети, а тие што направија прекршок се наградени.
Целово ова разочарување кое го делиме со многу наши пријатели во ракометниот спрт не принудува сериозно да размислиме за нашето инвестирање и заложби во овој спорт и овој клуб.

Ве информираме дека раководоството на нашиот клуб ќе го преиспита учеството во Европските натпреварувања, во кои очигледно спортскиот дух е уништен од владеењето на посилниот“, се вели во соопштението на Металург

Најново во Ракомет