ПИКЕРОТ СЕ ЗДОБИ СО НЕЗГОДНА ПОВРЕДА

Скапо платен пехар, Марсениќ „виси“ за Висла Плоцк

Поради расекотина на устата, пикерот на македонскиот шампион Мијајло Марсениќ ќе мора да подлежи на интервенција. 

објавено: 12 септември 2017 - 19:13

Екипата на Вардар се чини „скапо“ го плати пехарот во Суперкупот. Македонскиот шампион на неколку дена пред стартот на Лигата на шампионите се соочува со нов проблем. На листата на повредени играчи по дуелот со Еурофарм Работник е Мијајло Марсениќ.

Пикерот на Вардар се здоби со расекотина на устата, поради што ќе мора да оди на интервенција. Како што информираа од таборот на „црвено-црните“ бидејќи станува збор за незгодна повреда, Марсениќ најверојатно нема да настапи на гостувањето кај Висла Плоцк во рамките на првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Најново во Ракомет