И ВАРДАРКИ ГИ „ПАЛАТ“ МОТОРИТЕ

Сонот на вардарки е успехот на мажите во Келн

Летниот одмор заврши и за женскиот тим на Вардар, ракометарките од понеделник почнуваат подготовките за новата сезона.

објавено: 28 јули 2017 - 12:30

Летниот одмор заврши и за женскиот тим на Вардар, ракометарките од понеделник почнуваат подготовките за новата сезона.

Од таборот на македонскиот шампион најавуваат дека целта е да се оди уште едно скалило погоре и да се освои европскиот врв. Она што им успеа на машките во Келн, го посакуваат и ракометарките, но на нивниот Ф4 турнир во Будимпешта.

За новата сезона вардарки имаат пет нови имиња во составот, Теа Керамичиева, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, Русинката Полена Кузнецова и Србинката Драгана Цвијиќ.

Првиот тренинг на екипата треба да биде во вторник на 1 август попладне. По четири дена во Скопје, „црвено-црните“ заминуваат на Златибор каде ќе останат десет дена. Прв контролен тест ќе биде турнирот чиј домаќин е токму Вардар, а ќе се игра во периодот од 23 до 26 август во Скопје. Во меѓувреме можно е да се одиграат и некои контролни средби.

Најново во Ракомет