КАПИТЕНОТ НА ВАРДАР СО ПОВИК ДО СИТЕ СИМПАТИЗЕРИ

Стоилов: На европски првак му доликува да игра пред полни трибини

Апел до навивачите и симпатизерите на Вардар да дојдат и да ги наполнат трибините за првиот меч од ЛШ затоа што како тим и како европски првак заслужуваме да играме пред полни трибини, вели играчот кој минатата сезона крена најмногу трофеи

објавено: 21 септември 2017 - 13:14

Полна сала и одлична атмосфера посакува капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов за дуелот против Нант, кој в сабота се игра во „Јане Сандански“. За Вардар ова ќе биде прв меч пред своите навивачи како европски првак. Токму тоа треба да биде мотив повеќе за навивачите да дојдат во сала и да го поздрават најдобриот тим на „стариот континент“.

„Апел до навивачите и симпатизерите на Вардар да дојдат и да ги наполнат трибините за првиот меч од ЛШ затоа што како тим и како европски првак заслужуваме да играме пред полни трибини. Сезоната до сега се одвива според посакуваното. Тежок противник нѐ чека во сабота, но ние сме шампиони мора да се однесуваме така“, рече Стоилов.

Капитенот на Вардар во минатата сезона ја имаше честа да крене дури четири трофеи. Покрај највредниот, тој во Лигата на шампионите, Вардар ја освои и Сеха лигата, првенството на Македонија и Купот на нашата земја. 

Најново во Ракомет