МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ОДНОВО ЌЕ ИГРА ВО ГРУПАТА А

СУДБИНАТА ГИ „СПОИ“: Вардар ќе војува против Циндриќ, Штербик, Абутовиќ...

Македонскиот шампион, Вардар ги доби противниците во новата сезона. Она што е доста интересно што „црвено-црните“ ќе војуваат против тимовите каде поголем дел од момците од златната генерација заминаа. 

објавено: 29 јуни 2018 - 13:31

Македонскиот првак и во новата сезона во Лигата на шампионите ондово ќе игра во групата А, а за противници ги доби Келце за кого настапува Лука Циндриќ, Барселона, Мешков Брест, Веспрем каде е Арпад Штербик и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, Кристијанштад, Рај Некар кој го грабна најдобриот дефанзивец на „црвено-црните“ Илија Абутовиќ, но го има и Филип Талески, како и бранителот на титулата, Монпелје.

Што се однесува до групата Б, каде носител е ПСЖ предводен од Раул Гонзалез, Пик Сегед, Фленсбург, Скјерн, ППД Загреб, Мотор Запорожје, Нант и Целје. 

Шестата сезона во елитното натпреварување за Вардар ќе биде поинаква. „Црвено-црните“ по две одлични години на европска сцена, во кои ја освоија титулата во ЛШ, а потоа следната сезона се пласираа на Ф4 завршницата, продолжуваат со нов состав и нов тренер.

Според последните најави од таборот, Вардар и натаму ќе има силен и конкурентен тим.

Новата сезона во ЛШ ќе стартува во периодот од 12-16 септември.

 

 

Најново во Ракомет