ДВЕ КОЛА ПО РЕД, ИСКУСНАТА ГОЛМАНКА Е ВО ИЗБОРОТ НА ЕХФТВ

Суслина е како старо вино, ја има четвртата најдобра одбрана (ВИДЕО)

Ина Суслина на мечот против Турингер застана во второто полувреме. Искусната ракометарка на ЖРК Вардар за 30. минути имаше осум одбрани, од кои два седмерци, доволно за убедлива победа на македонскиот тим од 29-21. 

објавено: 16 октомври 2017 - 08:20

Ина Суслина и по завршување на второто коло во Лигата на шампиони се најде во изборот на ЕХФТВ, кога станува збор за одбраните. Искусната голманка е како старо вино, на дуелот против Турингер влезе во второто полувреме, имаше осум интервенции од кои два седмерци.

ЕХФТВ една од нејзините одбрани ја смести на четвртото место во Топ 5 листата за второто коло. Во победата над германскиот тим, блескаше и Амандин Лејно, која во првото полувреме запиша седум одбрани.

Најдобрите пет одбрани за второто коло во Лигата на шампионите може да ги видите ТУКА. 

Најново во Ракомет